Начинот на организирање е таков што се формираат посебни лиги за вкупно седум региони утврдени од ФФМ од каде се добиваат регионалните шампиони. Победниците на регионите подоцна играат завршен турнир во кој се добиваат шампионите на Македонија во одредена категорија. Фудбалските школи што дејствуваат на територијата на Охрид, Струга, Дебар и Кичево се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување под капата на ФФМ во детската фудбалска лига - Југозападен регион.
Спортските резултати во ова натпреварување не се најважни, а цел на натпреварувањето е на децата да им се исполни желбата за фудбалско натпреварување што согласно фудбалските методологии претставува дел од тренажниот процес. Целта е да од ова натпреварување излезат нови генерации, кои првенствено ќе ги красат добри човечки особини, а потоа и спортска успешност. Моменталниот спортски учинок е ирелевантен доколку не се постапува СТРУЧНО и ПЕДАГОШКИ со секое дете, а секој притисок врз децата и злоупотреба на децата, родителите и натпреварувањето може само да одрази трајни негативни последици како на децата така и на сите останати учесници во натпреварувањето. Обврска на сите актери во ДЕТСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА е да се однесуваат чесно и во согласност со највисоките морални и етички норми. Пријава на учество и право за настапПријавата на екипите мора да се изврши најдоцна 15 дена до почетокот на натпреварувањето. Учество може да пријават сите фудбалски школи и екипи од југозападниот регион што се регистрирани во ОФС и играчи што се регистрирани во COMET системот при што за секој настап треба да достават на увид заверена и валидна книшка од ФФМ.
Право за настап имаат играчите со направен спортски лекарски преглед и за тоа одговара клубот за кој играчот настапува. Важност на лекарскиот преглед е 4 месеци, а во случај на било каква незгода која е последица на неадекватно и неажурно следење на здравствената состојба на спортистот организаторот не сноси никаква одговорност, туку одговорноста ја сноси клубот за кој играчот настапува. Организаторот обезбедува здравствена служба која ќе дежура, а во случај на потреба ќе пружи здравствена помош во текот на сите официјални натпревари. КатегорииВо сезоната 2014/15 во детската фудбалска лига може да се пријават следните генерации со фудбалери родени во следните години:
ПропозицииПравила на натпреварување се во согласност со правилниците на ФФМ за Детските фудбалски лиги. Системот на натпреварување се утврдува според бројот на пријавени екипи. Подолу може да ги симнете и погледнете правилата на игра за сите генерации во Детската фудбалска лига во сезоната 2014/15:
ФОРМАТ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ Во зависност од бројот на пријавени екипи во секоја од генерациите, ќе се одредии форматот на натпреварување, односно дали ќе се игра двокружно или трокружно. Доколу имам многу мал број на екипи во чисти генерации, неминовно ќе биде спојување на 2 генерации во една. Секое коло ќе се игра во два дена за време на викенд (сабота и недела). Ќе се игра по турнирски систем и за секое коло ќе биде одреден домаќин на турнирот. Домаќинот на турнирот треба да обезбеди и терен на кој ќе се играат натпреварите. Според досегашните искуства, најголем дел од натпреварите ќе се играат на стадионите во Охрид. Дел од натпреварите ќе се играат во Струга и Дебар. Распоредот на натпреварите ќе биде однапред утврден. Доколку одредени фудбалери и службени лица придонесат за прекин на натпревар, ќе бидат санцкионирани според правилниците на ФФМ. Постои можност за исклучување на екипа доколку не се придржува кон распоредот односно не се појави на натпревар. Бодување и табели ќе се водат интерно додека резултатите од натпреварите ќе се објавуваат на интернет страната на ФФМ ДФЛ - Југозападен регион: www.dfl-jzr.weebly.com. Првопласираните четири екипи од секоја генерација ќе играат на регионален фајнл фор турнир од кој ќе се добие патникот на наџионалниот завршен турнир кој треба да го даде шампионот на Македонија за таа сезона. Н А Г Р А Д И
СУДИИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦА Натпреварите ќе ги судат лиценцирани судии од ФФМ. Во текот на секое коло ќе има надзор од медицинско лице. На секој натпревар ќе има делегат и записничар. Натпреварите од секое коло ќе ги следи координатор. Секое коло ќе биде документирано со слики за што ќе се ангажира професионален сликар. ПР менаџер за односи со медиуми и комуникација со јавност. Администратор на лигата задолжен за регистрација на резултати, евиденција на бодови и табели и објава на службена страница. КОТИЗАЦИЈА Фудбалските школи ќе плаќаат котизација секое коло за секоја екипа што ќе се натпреварува. Средствата ќе бидат искористени исклучиво за организирање на натпреварите од лигата и покривање на трошоците за службените лица во насока на нејзино непречено функционирање. |
Медиумски покровителиПРИЈАВА
|